• en
  • mk
  • tr
  • en
  • mk
  • tr

Category Archives: Новости

Завршна активност и доделување дипломи

На 31. мај 2019. година, наставниците Зујца Стојанова и Дениз Реџепов заедно со учениците од прво одделение ја реализираа завршната воннаставна активност според Нансен модел за учебната 2018/2019 година. Во училишниот двор, учениците играа разни игри со натпреварувачки карактер чии цели се учениците да се поттикнат за изведување на вежби, да го развиваат чувството за естетско изведување на движењата и да се стимулираат правилно да ги изведуваат вежбите. Сите ученици беа активно вклучени на активноста и покажаа одличен спортски дух. На крај на активноста, со цел одбележување на успешната учебна година на учениците им беа доделени дипломи за учество во активностите на Нансен моделот за интеркултурно образование.НДЦ Скопје им посакува среќно и забавно лето!

Изрботка на украсни свеќи

На 24. април 2019. година, наставниците Дениз Реџепов и Зујца Стојанова заедно со учениците од прво одделение ја реализираа воннаставна активност според Нансен модел.Преку оваа активност учениците имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на изработка на свеќи, потребните состојки и алатки со кои се изработуваат свеќите како и да го набљудуваат и да учествуваат во процесот од топење парафин и восок до обликување на свеќата. Во текот на активноста учениците покажаа заинтересираност, љубописност и креативност и беа задоволни со крајните продукти кои самостојно ги изработија.

Цветна градина

На 22. март 2019. година, наставниците Дениз Реџепов и Зујца Стојанова со учениците од прво одделение ја реализираа активноста „Цветна градина“ во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста протече во работна и динамична атмосфера. Учениците самостојно креираа цветови од пластични капачиња, цртаа пеперутки и птици. Нивните изработки се изложија на паноата во училница, формирајќи цветна градина.

Целта на оваа активност е поттикнување на учениците за самостоjно следење на промените во природата, проширување на детското искуство за поjавите во природата, како и согледување на нивната меѓусебна поврзаност, сензибилизирање на учениците за повеќе можни облици на искористување на отпадни материjали во домаќинството, како и поттикнување на детската оригиналност и иновативност при креирање нови продукти со пластичен отпаден материјал.

Игри со глина

На 15. февруари 2019 година, наставниците Дениз Реџепов и Зујца Стојанова со учениците од прво одделение ја реализираа активноста „Садови од глина“ во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.
Наставниците објаснија како се работи со глина и покажаа неколку претходно направени изработки. А потоа, учениците работеа во парови, со задоволство ја обработуваа глината и моделираа садови од глина.
Целите на оваа активност се поттикнување на развоjот на детската фантазиjа и на креативниот потенцијал, поттикнување на учениците за активно користење на новоусвоените поими во секоjдневниот говор, развивање на ситната мускулатура на раката при манипулирањето со глината како и поддржување работна навика за редовно уредно одржување на семеjниот дом.

Железнички сообраќај

Во февруари 2019. година, наставниците Јагодa Митева и Кемал Алицов со учениците од второ одделение реализираа активности во рамки на месечната тема “Железнички сообраќај” од Сообраќајната секција на Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности.

Активноста започна со игри преку кои учениците ја импровизираа железничката станица и процесoт на патување. Потоа, учениците поделени во групи изработија неколку изработки во врска со темата.

Цели на активноста се: оспособување на децата за безбедно однесување во железничкиот сообраќај, проширување на знаењата на учениците за професиите коишто се вклучени во железничкиот сообраќај, усвојување на културно- социјалните фрази неопходни за правилно и културно однесување при користење на железничкиот сообраќај како и препознавање на сообраќајни знаци коишто се претпоставка за безбеден и сигурен железнички сообраќај.

„Честитки“

Во месец декември, наставниците Дениз Реџепов и Зујца Стојанова ја реализираа дневната активност „Честитки“ од месечната тема „Новогодишнижелби“ во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за прво одделение.

За реализација на оваа активност учениците користеа различни заеднички алатки и работеа поединечно. Tие имаа различни идеи и креираа честитки со што ја демонстрираа детската креативна способност.

Цели на активноста се развивање на прецизноста при манипулирање со хартиjата и ножиците, вежбање на координациjа меѓу окото и раката при сечењето и нижењето на елементи со различна големина, како и поттикнување на сооработкапри тандемско и тимско реализирање на проектните задачи.

„На автобуска станица“

Во месец декември 2018. година, наставниците Јагодa Митева и Кемал Алицов ја реализираа дневната активност„На автобуска станица“од месечната тема „Сувоземниот сообраќај“, во рамки на Сообраќајната секција од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за второ одделение.

Учениците преку игра ја импровизираа автобуската станица, процесoт на патување, независното однесување и безбедното движење по пат.

Целта на оваа активност е проширување на предзнаењата на учениците за сувоземниот сообраќај, оспособување на учениците за самостојно класифицирање насообраќајни средства и развивање надетската имагинација и креативностза сообраќајните средства.

„Фустанот на есента“

Во текот на месец ноември, наставниците Дениз Реџепов и Зујца Стојанова ја реализираа активноста „Фустанот на есента“ во рамки на Еко секцијата од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за прво одделение.

За реализација на оваа активност,учениците во сооработка со наставниците користеа природни материјали – лисја со различни бои и облици и манипулирајќи со материјалите создадоа ликовна целина.

Целите на активноста се cоздавање на позитивна клима со хетерогена етничка структура и зајакнување на интерактивната работа, следење на природните промени во текот на есента, поттикнување на креативноста и подигнување на свеста кај децата за естетскиот изглед на групни финални производи.

„Cувоземни сообраќајни средства“

На 27.11.2018 година, наставниците Јагодa Митева и Кемал Алицов ја реализираа активноста „Cувоземни сообраќајни средства“ од месечната тема „Сувоземниот сообраќај“, во рамки на Сообраќајната секција од Годишната програма за воннаставни интеркултурни активности за второ одделение.

Учениците беа поделени во мали групи и работеа во парови, користејќи различни материјаликреираа сообраќајни средства. Со оваа активност учениците вежбаa прецизно сечење, лепење и составување.

Oваа активност има за цел поддржување на детскиот интерес и љубопитност за проучување на сувоземниот сообраќаји оспособување на учениците за самостојно класифицирање на сообраќајни средства.

Подготвени за летен распуст!

На 8 јуни 2018 година, наставниците Зујца Стојанова и Денис Реџепов заедно со учениците го одбележаа успешното завршување на учебната година, која беше збогатена со проектните активности според Нансен моделот за интеркултурно образование. Учениците уживаа во прекрасното време во училишниот двор, каде што играа разни игри и учествуваа во подготвените активности.