• en
  • mk
  • tr
  • en
  • mk
  • tr

За училиштето

Во основното општинско  училиште „Гоце Делчев“ Конче  наставата ја следат 282 ученици (204 ученици Македонци и 78 ученици Турци).

Училиштето е мултиетничко. Наставата од 1 до 5 одделение се изведува на македонски и турски наставен јазик, додека предметната настава се изведува на македонски јазик.

Учениците се вклучени во повеќе воннаставни активности. Наставниците работат со учениците преку повеќе секции: секција за странски јазици, секција на млади физичари и хемичари, географска секција, историска секција, секција на млади биолози, математичка секција, литературна секција, ликовна секција и драмска секција, работат со учениците ,творат, се натпреваруваат. Во рамки на училиштето се активни женските и машките екипи во ракомет, кошарка, фудбал тука се и училишниот хор и оркестар.

Преку примена на интеркултурните активности (од воннаставен карактер) училиштето го подобрува квалитетот на наставата и меѓуетничките односи. Со поддршка на Нансен дијалог центар Скопје која започна во  2012 година преку обучување на наставници за интегрирано и интеркултурно образование, училиштето успешно спроведува интеркултурните активности и гради позитивни односи во пошироката заедница преку интегрираното образование.

Училишниот кадар е особено заинтересиран за промовирање на меѓусебната соработка меѓу учениците, почитување на разликите меѓу учениците од македонската и турска  етничка заедница, на пријателството и толеранцијата, вклучување на родителите во различни активности и негувањето поддршка на нивната меѓусебна соработка.